СЕРВИС, ОДРЖУВАЊЕ И ДИЈАГНОСТИКА
Одржувањето на автогасните уреди се изведува преку редовни контроли на исправноста и сервисирање на определени сервисни интервали определени од производителот на автогасната опрема.
Плимонт поседува најсовремена опрема за дијагностика и отстранување на сите проблеми, недостатоци и дефекти кои можат да настанат на самите системи, независно дали се работи за механички проблем, проблем во електрична инсталација или софтверски проблем.
Обезбедени се сите потребни резервни делови за автогасните уреди од продажната програма на Плимонт.
За своите корисници Плимонт обезбедува стручни информации и совети потребни за одржување и сервисирање на автогасни уреди и возила во кои е вграден автогасен уред.