МОНОПОИНТ ВОЗИЛА

Електронски  автогасен ТНГ уред за возила со моно-инџексион тип на мотор. Возилата со овој тип на мотор во најголем дел беа во производство во првата половина на 90-тите.

Уредот функционира на принцип на довод на ТНГ до моторот преку плочка-дифузер кој ги меша ТНГ и воздухот, односно кој има улога на карбуратор.

Смешата ТНГ – воздух се одржува во рамките на константен стихиометриски сооднос со помош на Електронска Контролна Единица (ЕЦУ-Компјутер) кој ги отчитува вредностите на Ламбда Сондата, врз основа на што врши регулација на протокот на ТНГ кон моторот.

Линеарен електромеханички актуатор, кој е под контрола на Електронска Контролна Единица во сите работни услови обезбедува оптимална карбурација во однос на возните својства, потрошувачката и издувните гасови.

[su_heading size=”16″]Цена за монопоинт возила: 17.000 до 21.500 денари[/su_heading]

ГЛАВНИ КОМПОНЕНТИ


Автогасниот уред за моно-инџексион тип на мотор во делот на моторот ги содржи следните главни компоненти:

[su_button url=”#” target=”blank” style=”flat” size=”8″]ГАЛЕРИЈА[/su_button]

[su_list]

  • ЕЦУ – КОМПЈУТЕР, ЕЛЕКТРОНСКИ РЕГУЛАТОР

  • ИСПАРУВАЧ

  • ВЕНТИЛ ЗА ГАС СО ФИЛТЕР ЗА ГАС

  • ПЛОЧКА – ДИФУЗЕР

  • ЕМУЛАТОР (КАЈ МУЛИТИПОИНТ- ИНЏЕКСИОН)

[/su_list]

РЕЖИМИ НА РАБОТА


Во кабината е вградено контролно копче (шалтер) со кој се одбира еден од двата режими на работа:

[su_button url=”#” target=”blank” style=”flat” size=”8″]ГАЛЕРИЈА[/su_button]

[su_list]

  • 1.АВТОМАТСКИ РЕЖИМ

(моторот се стартува на бензин (жолта лед диода свети а зелена трепка), а по притискање на педала за гас над 2000 вртежи во минута, работењето на моторот ќе се префрли на ТНГ погон (жолта лед диода се гаси, зелената останува да свети или трепка.)

  • 2. БЕНЗИСКИ РЕЖИМ

(со едноставно притискање на контролното копче се исклучува автоматскиот режим – погон на ЛПГ и се вклучува бензиски режим – погон на бензин (зелена лед диода се гаси, жолтата се пали и останува да свети). Со ова ТНГ уредот е ставен вон функција, и така ќе остане се додека повторно не се притисне контролното копче со што повторно ќе се активира автоматскиот режим.)

[/su_list]

На контролното копче постои и дополнителна опција за покажување на ниво на ТНГ во резервоарот. Тоа се 5 лед диоди во неговиот горен дел, една црвена и четири зелени. Со намалување на нивото на ТНГ, лед диодите една по една се гаснат, кога ќе остане активна само црвената значи дека е речиси потрошен.

Во пракса уредот секогаш ќе биде на автоматски режим, освен кога ќе сакате да возите само на бензин или кога ќе снема ТНГ. Пожелно е по стартување на моторот кога тој сеуште е ладен, да се почека 30-тина секунди пред да се притисне педалата за гас над 2000 вртежи за да се префрли на ТНГ погон. Со ова ќе се сочека моторот да достигне температура од 40С и ќе се одбегне предвремено активирање на ТНГ погонот, а со тоа и можноста за замрзнување на испарувачот и неправилна работа на моторот.

Препорачливо е на секои 4000 км на гасен погон, да се извози кратка релација од 20-50 км на бензиски погон.
Кај овие уреди постои губиток на сила и брзина од 5 до 10% во однос на бензиски погон, потрошувачката е поголема во граници до 20% повеќе.