Landirenzo Omegas ІІІ OBD

Landirenzo Omegas ІІІ OBD

 

Landirenzo Omegas ІІІ OBD го извлекува максимумот од моторот и на LPG погон. Новиот Автогасен систем на Landirenzo Omegas ІІІ OBD ги оптимизира возните карактеристики, заштедата, безбедното возење, цената за инсталирање и враќањето на инвестицијата.
Основната цена на Landirenzo Omegas ІІІ OBD системот изнесува 37.500 денари
Дизајниран е да ги задоволи барањата на најсовремените Euro-5 и Euro-6 бензиски MPI мотори со моќност до 160 kw, вклучително и Valvetronik, Turbo и Boxer моторите .
Landirenzo Omegas ІІІ OBD -системот овозможува прецизно вбризгување на LPG горивото при сите режими на оптеретуваање, а неговата OBD адаптација ги изведува корекциите во реално време спрема моменталните барања на моторот. Тоа значи дека на возачот му е достапна моќноста на моторот во секој момент со минимална потрошувачка на LPG. Сите негови компоненти се производ на високата технологија на Landirenzo, се карактеризираат со врвни перформанси и со голема издржливост во комплицирани услови на експлоатација и со различен квалитет на LPG гориво.