ТНГ Системи и Компоненти
Систем LANDIRENZO EVO
Multipoint injection LPG system
СО ПЛИМОНТ
ЗАШТЕДЕТЕ НА ТРОШОЦИТЕ
ЗА ГОРИВО
СО ПЛИМОНТ
ПОМОГНЕТЕ И НА ЖИВОТНАТА ОКОЛИНА
СО ПЛИМОНТ
ОДЕТЕ КАДЕ И КОГА САКАТЕ
СО ПЛИМОНТ
ПАТУВАЈТЕ БЕЗБЕДНО
LANDIRENZO
EVO
Автогасниот секвенционален уред Landirenzo Evo е оптимално решение за автомобилите со 3 и 4 цилиндри и со моќност на моторот до 110 кw, кои се произведени според Еуро4, Еуро 5 и Еуро 6 стандарди.
Landirenzo Evo постигнува возни карактеристки на автогасен погон кои се максимално приближени до карактеристиките на бензиски погон.
Поседува повеќе стратегии на вбризгување на гориво, со кои дополнително се прецизира работењето на моторот на гасен погон. Дел од софтверските опции се стартување на гас при топол мотор, интервентно стартување на гасен погон, подготовка за рамномерно префрлување на гасен погон, додатно вбризгување на бензин при различни вртежи и оптеретување.
Landirenzo Evo е адаптибилен кон сите услови на возење, тестиран на сите типови на патишта и сите климатски услови
Применетата технологија овозможува непречена работа на уредот и со непрочистено гориво и гориво со нестандарден квалитет.
|
|
|
|
|
|
Како системот
работи
Компјутер LANDIRENZO EVO
Компјутер (Електронска Контролна Единица) Landirenzo Evo, наменет за поновите типови на возила со бензиски мотори со 3 и 4 цилиндри. Landirenzo Evo е опремен со голем број на софтверски опции, кои овозможуваат вградување на системот во најразлични типови на возила. Компјутерот дозволува користење на повеќе различни стратегии на вбризгување на гориво, со кои дополнително се прецизира и оптимизира работењето на моторот на гасен погон.
Дел од можностите на компјутерот Landirenzo Evo се:
-
– стартување на гас при топол мотор
-
– интервентно стартување на гасен погон
-
– подготовка за рамномерно префрлување на гасен погон
-
– додатно вбризгување на бензин при различни вртежи и оптеретување
Испарувач Landirenzo LI02
Испарувач Landirenzo LI02, модел кој е еден од најиспитаните производи на Landi Renzo. Се препорачува за автомобили со мотор до 150 кс. Landirenzo LI02 е едно-фазен дијафрагматски тип на испарувач, со внатрешен сигурносен вентил. Филтерот и вентилот за гас не се негови составни делови, што во голема мера го поедноставува монтирањето и тековното одржување.
Landirenzo Eco-Evo инјектор
Landirenzo Eco-Evo инјекторите се карактеризираат со прецизно и брзо вбризгување на ТНГ. Нивното време на реакција е 1.9 ms, а минимално време на отворање е 2.45 ms. Инјекторскиот реил е високо-технолошки производ изработен според новата технологија на Landi Renzo, со компакти димензии и мала тежина. Применетата технологија го продолжува векот на инјекторите дури и при работа со непрочистено гориво. Инјекторите се поставени во едно тело, а при сервисирање може да се репарира или заменува секој инјектор одделно.
LANDIRENZO EVO Контролно копче
Контролното копче има неколку функции :
-
– покажува ниво на гас во резервоарот преку низа од лед диоди
-
– покажува на кое погонско гориво работи моторот (гас или бензин)
-
– служи како копче за избор на гориво (гас или бензин)
-
– дава звучна сигнализација при автоматско враќање на бензиски погон
-
– функција за интервентно стартување на моторот на гасен погон
Landirenzo АТ 02 – Мултивентил
Landirenzo АТ 02 – Мултивентилот е комплексна компонента составена од поголем број на механички делови. Се поставува на автогасниот резервоар. Изработен е во согласниост со новите ECE 67R 01 стандарди и гарантираа максимална безбедност на автогасниот резервоар.
Неговите функциии се:
-
– полнење и празнење на резервоарот
-
– мерење и покажување на ниво на гас во резервоарот
-
– сигурносни вентили кои реагираат при висок притисок на гас во резервоарот
-
– опција за ограничување на полнење на резервоарот до 80%
Автогасен резервоар
Aвтогаснитe резервоари к тип АТИКЕР се произведени со употреба на најсовремена технологија и со примена на сите актуелни стандарди за квалитет и безбедност.
Сите Атикер резервоари поседуваат “European Quality Sertificate ECE R 67-01” како доказ за исполнување на строгите ECE нормативи за безбедност кои ги пропишува Европската Унија.
Производството е во согласност со Системот за Управување со Квалитет ISO 9001: 2000, кој е активиран во сите фази, започнувајќи од набавката, преку производството до испораката. Принципите на стандардите за квалитет се применуваат и на материјалите и на методите кои се употребуваат во процесот на производство.
Материјалот од кој се изработуваат резервоарите е челик кој поседува DIN EN 10120 сертификат за квалитет.
Во повеќе фази на процесот на производство се изведува контрола на заваруваните места со рендгенски зраци.
Финално, секој готов резервоар се испитува под хидростатски притисок, доколку резервоарот не го помине тестот истиот се уништува.
Верзии
Дали знаете
колку може
да заштедите?
Колку километри поминува
вашето возило на литар гориво?
Колку километри
поминувате
за една година?
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
Цена
Petrol/L
[uislider id=”3″]
Цена
Petrol/L
[uislider id=”2″]
Цена
CNG/KG
[uislider id=”1″]