КАРБУРАТОРСКИ СИСТЕМИ

Наменети за возила со карбураторски тип на мотор. Возилата со ваков тип на мотор беа во производство до крајот на 80-тите години, кога постепено беа заменети со инџексион тип на мотори. Начинот на работа на овој уред е наједноставен во однос на другите типови на автогасни уреди.

Доводот на ТНГ кај овој систем е преку плочка-дифузер, кој ја игра улогата на карбуратор, односно го меша ТНГ и воздухот пред тие да бидат аспирирани во моторот. Протокот на ТНГ кон моторот кај овие уреди се регулира со притисокот на излезот од испарувачот и со регулатор преку кој рачно се калибрира овој проток.

Изборот на бензиски или ТНГ погон кај овие уреди возачот го  прави рачно.

[su_heading size=”16″]Цена: 13.000 – 16.000 ден. со цилиндричен резервоар[/su_heading]

[su_heading size=”16″]Цена: 15.000 – 18.000 ден. со резервоар на место на резервното тркало[/su_heading]

ГЛАВНИ КОМПОНЕНТИ


Вакуумскиот автогасен уред е составен од следните главни компоненти кои се вградуваат кај делот на моторот:

 

[su_button url=”#” target=”blank” style=”flat” size=”8″]ГАЛЕРИЈА[/su_button]

Испарувач

Вентил за гас со филтер за гас

Вентил за бензин

Плочка – Дифузер

КОПЧЕ ЗА ВБРИЗГУВАЊЕ НА ГАС („ЧОКА“)

Во кабината се вградува контролно копче (шалтер) на кој се поставени две копчиња

– копче за вбризгување на гас („чока“) за полесно стартување на моторот на гасен погон.

– копче за избирање на тип на гориво кое има три позиции:

1. Гас (свети зелена лед диода) – горна позиција
2. Неутрална позиција (и двете лед диоди се изгаснати) – средна позиција
3. Бензин (свети црвена лед диода) – долна позиција

Со него се префрлува работењето на моторот од бензиски погон на гасен и обратно. Префрлувањето треба да се изведува само кога моторот работи. Кога се префрлува од гас на бензин, копчето се притиска два пати надолу кон крајната долна позиција (бензин), без задршка на неутрална позиција. Префрлувањето од бензин на гас се прави во два чекори, најпрво се поставува копчето на неутрална позиција и се чека одредено време да се потроши бензинот кој веќе е во карбураторот. Кога моторот почнува да дава знаци дека бензинот во карбураторот се дотрошува (моторот почнува да губи сила, сецка и гуши) копчето се притиснува уште еднаш и се поставува на позицијата гас, со што моторот е префрлен на гасен погон. Префрлувањето може да се прави во место или во движење.

Секое стартување кога моторот е ладен треба да се прави на бензин, така што секогаш кога знаете дека возилото ќе биде вон употреба повеќе од 4 часа, пред да го угаснете моторот префрлете го на бензински погон. Потоа, по стартување на бензин, дозволете моторот да загрее на температура од околу 40 C  пред да префрлите на плински погон, односно временски од половина минута до минута и пол во зависност од надворешните температури. Со оваа постапка се заштитува испарувачот од мрзнење, а моторот од евентуални оштетувања.

Важно е да се напомене и дека со повремената работа на бензин, бензиските црева се одржуваат во добра кондиција и се спречува нивно засушување и испукување. Препорачливо е на секои 4000 км на гасен погон, да се извози кратка релација од 20-50 км на бензиски погон.

Кај овие уреди постои губиток на сила и брзина од 5 до 10% во однос на бензиски погон, потрошувачката е поголема во граници до 20% повеќе.