FAQ

[vc_row css=”.vc_custom_1524058426516{margin-top: -100px !important;padding-bottom: 100px !important;}”][vc_column][vc_column_text]

FAQ – ЧЕСТИ ПРАШАЊА

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row css=”.vc_custom_1448970477212{margin-bottom: 50px !important;}”][vc_column width=”1/2″ css=”.vc_custom_1472644666067{padding-right: 20px !important;padding-left: 20px !important;}”][vc_column_text]

[su_spoiler title=”Што е ЛПГ?“]„ЛПГ“ (LPG) е интернационална кратенка за Liqiufied Petroleum Gas која во превод значи Течен Нафтен гас (ТНГ). LPG е смеса од пропан и бутан. Во литературата може да се сретне под името пропан-бутан, UNP, GPL, BNG, а востановениот назив е автогас (автоплин). Авотплинот во овој момент е најекономичното алтернативно гориво, а воедно е едно од горивата кои најмалку ја загадуваат околината.[/su_spoiler]
[su_spoiler title=”Во кои возила е можно да се вгради автогасен уред?“]Автогасен уред е можно да се вгради во речиси сите возила на бенсиски погон. Постојат многу мал број на возила кај кои не е можно конверзија од бензин на гас. Технологијата на производство на гасни уреди во целост ја следи автомобилската индустрија, така што со најновата генерација на гасни уреди (Уреди со Секвенционално Вбризгување) можно е да се опремат сите типови на автомобили од најново производство во кои спаѓаат и возилата чиј мотор поседува пластична всисна грана или комон-реил систем. Предноста на овие уреди е и во многу малата разлика во однос на перформансите на возилото која е помала од 2%.[/su_spoiler]
[su_spoiler title=”Какви се возните карактеристики на возилото на автогас?“]Кај стандардните автогасни уреди, губитокот на сила изнесува до 10%, а губитокот на брзина до 5%. Со правилно и стручно вградување на автогасниот уред оваа разлика ретко кога ќе имате можност да ја почувствувате. Потрошувачката на автогас е нешто повисока од онаа на бензин, во просек за околу 10%. Кај современите уреди со Секвенционално (Директно) Вбризгување на автогасот, губитокот на сила и брзина е помал од 2%.[/su_spoiler]

[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/2″][vc_column_text]

[su_spoiler title=”Дали автогасните уреди се безбедни?“]Автогасната инсталација која денес се вградува во автомобилот е многукратно побезбедна од неговата бензинска инсталација. Резервоарите за гас се така конструирани да издржуваат притисок кој е повеќе од шест пати повисок од оној при нормална експлоатација. Изработено се од квалитетен челичен лим со дебелина од 3 до 4 милиметри. На резервоарот се вградува сигурносен вентил кој оневозможува негово полнење над 80% од вкупната зафатнина, со што на гасот му се овозможува при екстремно високи температури простор каде би можел да се шири. А што се однесува во случај на судар, резервоарот за гас е последната работа за која треба да се грижите затоа што тој поднесува многу повеќе отколку што издржува возилото или човекот. Полнењето со гас се врши преку полнач кој е монтиран однадвор, така што нема можност гасот да навлезе во кабината. Испарувачот е конструиран на тој начин да пропушта гас само кога моторот е во погон. Сите производители на автогасна опрема мораат да ги исполнуваат строгите меѓународни стандарди (67R-01; 67R-00) за квалитет и безбедност на овие производи. Тоа значи дека секој елемент од автогасниот систем пред да се вгради во возилото поминал низ ригорозна процедура на контрола на квалитетот. Вградувањето на автогасната опрема се изведува во согласност со правилата и прописите кои ја регулираат оваа дејност. Квалитетот и исправноста на извршеното вградување на автогасен уред се потврдува со преглед на возилото од страна на овластена институција. Во нашата земја тоа е Машинскиот Факултет во Скопје. Накратко, кога се вградува автогасна опрема произведена од проверен производител, контролирана од меѓународни референтни институции, инсталирана од овластен сервис и на крај атестирана од овластена домашна институција (Машински Факултет), нема никаква причина за стравување за безбедноста на возилото и патниците.[/su_spoiler]
[su_spoiler title=”Колку од багажниот простор се губи со вградување на гасен уред?“]Се зависи од големината и видот на резервоарот за гас и од типот на возилото. Во просек се губи 20-30% од багажниот простор. Постојат и тороидални резервоари кои се вградуваат во просторот наменет за резервното тркало, така што со нивно вградување багажниот простор останува слободен.[/su_spoiler]
[su_spoiler title=”Како ЛПГ горивото делува на моторот?“]Заради своите карактеристики LPG има поволно влијание на моторот:

  • потивка и помирна работа на моторот
  • векот на траење на моторот се зголемува за околу 35%
  • потполно согорување на смешата плин-воздух во цилиндрите со што не доаѓа до губиток на гориво преку издувните гасови
  • поголема трајност на маслото во моторот (подолго време ги задржува своите карактеристики бедејќи не се разградува заедно со бензинот)
  • не се создава корозија која инаку настанува заради адитивите кои се додаваат во бензинот за подобрување на неговите својства
  • два пати подолг век на катализаторот и на ламбда сондата почисти издувни гасови.

[/su_spoiler]

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row css=”.vc_custom_1448970477212{margin-bottom: 50px !important;}”][vc_column width=”1/2″ css=”.vc_custom_1472644666067{padding-right: 20px !important;padding-left: 20px !important;}”][vc_column_text]

[su_spoiler title=”Какви уреди постојат и кои се нивните меѓусебни разлики?“]Автогасните уреди воглавно се делат на:

  • Вакуумски, наменети за типови на возила со мотори опремени со карбуратор
  • Електронски, наменети за типови на возила со мотори опремени со „injection“ системи (mono и full injection)
  • Секвензионални, наменети за типови на возила со мотори опремени со „injection“ системи (full injection).

Разликата кај моторите со „injection“ системи е дали моторот (кога работи на бензин) има секвенционален тип на работа.
Стандардните електронски уреди имаат пониска цена од секвенционалните, но и послаби перформанси и поголема потрошувачка од нив. Недостаток на овие системи е што кај некои типови на мотори постои можност да дојде до повратна детонација, односно согорување на плинот во всисната гранка наместо во цилиндрите. Настанувањето на оваа појава може да е последица на повеќе причини. Самата детонација може да доведе до оштетување на некои делови во моторот.

Доколку моторот е со метална всисна гранка, оштетување може да настане само на куќиштето на филтерот за воздух. Ако всисната гранка е пластична, штетите можат да бидат многу поголеми со тоа што и самата гранка се оштетува а моторот нема да работи и возилото останува неподвижно.

Кај најновата генерација на автогасни уреди, секвенционалните, опасност од вакви детонации не постои. Заради тоа не е можно ни да настане оштетување на делови на моторот. Единствен недостаток на овие системи е неговата повисока цена.

[/su_spoiler]

[su_spoiler title=”Каква треба да биде состојбата на моето возило за да биде во ред да се префрли на гасен погон?“]Добрите перформанси на возилото на бензин и добро општо одржување се предуслови за добри перформанси на возилото на гасен погон. Возилата во кои треба да се вгради ЛПГ или систем на Природен Гас мора да бидат во добра општа состојба, што посебно се однесува на системот за довод на бензин и на системот за палење, посебно бобината, свеѓичките и каблите. [/su_spoiler]
[su_spoiler title=”Колку време е потребно да се вгради еден гасен систем?“]Инсталирањето на ЛПГ или систем на Природен Гас воглавно се прави во специјализирани авто-работилници и трае од еден до три дена. [/su_spoiler]

[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/2″][vc_column_text]

[su_spoiler title=”Какви се разликите во перформансите споредено со тие на бензин“]Современите системи на ЛПГ и Природен Гас гарантираат одлични перформанси на моторот и практично нема промена во однесувањето на возилото. Кај последната генерација на ЛПГ инџексион системи разликата во снага и брзина на возилото во однос на бензинот е помала од 2%, додека кај инџексион системите на Природен Гас, разликата изнесува 10/15%. [/su_spoiler]
[su_spoiler title=”Дали по вградувањето на гасниот систем моето возило сеуште може да се движи и на бензински погон?“]Доколку е вграден систем на ЛПГ или Природен Гас, вашето возило и понатаму ќе може да се вози и на бензин. Возачот може да одбере тип на гориво со едноставно притискање на копчето за префрлување кое е лоцирано на шалт-таблата на возилото. Едноставноста на употребата на гасните системи е загарантирана и со фактот дека кај современите системи стартувањето секогаш е на бензин и потоа автоматски системот префрлува на гас по приближно 30 секунди, откако ќе се исполнат параметрите потребни за оптимална работа на возилото на гас. По инсталирање на гасен систем, километражата која може да ја помине возилото практично се удвојува благодарение на двојното снабдување со гориво на моторот.[/su_spoiler]
[su_spoiler title=”Кои коли можат да бидат конвертирани на гасен погон?“]Сите коли кое се движат на бензин со карбураторски систем, инџексион систем или инџексион систем со катализатор, можат да бидат конвертирани на гас. Доколку се решите да инсталирате систем на ЛПГ или Природен Гас во вашето возило, потребно е да се информирате во специјализирана авто-работилница кој тип на систем треба да се инсталира во вашиот тип на возило.[/su_spoiler]

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row css=”.vc_custom_1448970477212{margin-bottom: 50px !important;}”][vc_column width=”1/2″ css=”.vc_custom_1472644666067{padding-right: 20px !important;padding-left: 20px !important;}”][vc_column_text]

[su_spoiler title=”Што е Ланди ЛСИ (БЛУ)?“]Ланди ЛСИ (Блу), новиот секвенционален систем на Ланди Рензо СпА – идеална комбинација на економично возење, стабилни перформанси и одлична цена. Ланди ЛСИ е Фазен Секвенционален Инџексион Систем, способен да постигнува работа на моторот на ЛПГ погон идентична како таа на бензин. Тоа го постигнува преку прецизното пресметување на времето на вбризгување на гасните инјектори, кое се базира на времето на вбризгување на бензинските инјектори, како и на информациите кои доаѓаат од сензорите, меѓу кои се информациите за температура на разладната течност, притисок и температура на гас. Високото ниво на контрола на доводот на гориво во моторот гарантира контрола на издувните гасови и оптимизирана потрошувачка при сите услови на возење. Самиот Ланди ЛСИ ЛПГ систем се состои од Електронска Контролна Единица (Компјутер), Редуктор, Филтер, Инјекторски Реил, Команден Прекинувач. Сите компоненти се дизајнирани и конструирани на начин кој овозможува нивно лесно интегрирање во најсовремените типови на возила. Подесувањето на системот се прави со помош на Персонален Компјутер, при што се внесува карбурациска мапа која е специфична за секое возило. Со Ланди ЛСИ го добивате бескомпромисниот квалитет на Ланди Рензо по извонредна цена, која ќе ви го направи достапно економичното возење на ЛПГ погон.

Употреба и одржување на автогасен уред за возило со Моно или Мулти Поинт тип на мотор

Употреба и одржување на автогасен уред за возило со Моно или Мулти Поинт тип на мотор

ВАЖНО: Автогасниот уред кој е вграден во Вашето возило има гарантен рок од 2 години.

Сервисирањето се врши во просториите на ПЛИМОНТ, секој работен ден од Понеделник до Петок, помеѓу 09.00 и 16.00 часот. За сервисирање во Сабота потребно е претходно закажување на термин.

При превземање на возилото на кое е вграден автогасен уред во просториите на Плимонт ќе ви биде врачена фискална сметка за извршеното плаќање, гарантен лист и документација која понатаму е потребна за атестирање на возилото со вграден автогасен уред.

Постапка за атестирање: Пред да ја започнете постапката направете фотокопија од документите кои ги добивте од Плимонт, како и од сообраќајната дозвола, што ќе ви биде потребно при натамошните активности:

1. се зема потврда за вграден автогасен уред од Станица за технички преглед лоцирана во градот каде што е регистрирано возилото (250 ден).

2. се зема потврда за вграден автогасен уред  од МВР – отсек моторни возила во градот каде што е регистрирано возилото (250 ден).

3. се закажува термин за атестен преглед на возилото, кој може да се изврши и во ПЛИМОНТ

Наша препорака е да се заврши атестирањето во рок од еден месец, од причина што евентуалната измена на правилата и прописите за монтажа на автогасните уреди, Плимонт се обврзува во тој временски рок да ја направи бесплатно.

[/su_spoiler]

[su_spoiler title=”Кои се елементите од автогасен уред?“]На задниот браник на возилото вградена е полначка на која се приклучува пиштолот од плинската пумпа. По секое полнење вратете го капакот на полначката назад (со навртување надесно), со што таа ќе биде заштитена од нечистотија, вода и сл. Автогасниот резервоар ако е од цилиндричен тип – поставен е во багажниот простор, а ако е од кружен (торусен) тип – во просторот во кој била сместена резервната гума. Резервоарот ќе прима гас отприлика околу 80% од неговата номинална зафатнина, а ако притисокот на плинската пумпа на која се точи плин е силен, може да собере и до 100% од номиналната зафатнина. На резервоарот е поставен мултивентил со мерач. Вентилите на мултивентилот не би требало да се допираат, освен во случај на сообраќајна незгода, ако евентуално се востанови истекување на плин од некој дел на инсталацијата, кога тие треба да се затворат. Стрелката на мерачот го покажува нивото на гас во резервоарот. Крајната лева позиција покажува празен резервоар, а крајната десна – полн резервоар. Кај торусните резервоари, металниот капак на резервоарот кој го покрива мултивентилот треба да е секогаш поставен на своето место. Истото важи и за пластичниот капак кој го заштитува мултивентилот кога тој е вграден на цилиндричен резервоар. Веднаш по вградувањето на автогасниот уред, потребно е да извршите дополнување на течноста во системот за ладење на моторот (антифризот), бидејќи таа сега ќе кружи и низ автогасниот систем, односно ќе врши загревање на испарувачот.

Автогасниот уред за mono-point injection и стандардниот уред за multi point injection тип на мотор во делот на моторот ги содржи следните главни компоненти: ECU (компјутер), испарувач, вентил за плин со филтер за плин, електронска рачва и плочка – дифузер. Напомена: автогасните системи наменети за возилата без катализатор не содржат некои од претходно наброените електронски компоненти.

Во кабината е вграден прекинувач (шалтер) со кој се бира еден од двата режими на работа:

1. автоматски режим – моторот се стартува на бензин (жолта сијаличка свети а зелена трепка), а по притискање на педалата за гас и преминување на бројот на вртежи на моторот над 2000 во минута, моторот автоматски ќе се префрли на ЛПГ погон (жолта сијаличка се гаси, а зелената останува да свети или да трепка).

2. бензински режим – со едноставно притискање на копчето (шалтерот) се префрла од автоматски режим – погон на ЛПГ на бензински режим – бензински погон (зелена сијаличка се гаси, а жолтата се пали и останува да свети). Со ова ЛПГ системот е ставен надвор од функција и така ќе остане се додека повторно не се притисне копчето (шалтерот) со што моторот ќе се врати назад на автоматски режим на работа – погон на ЛПГ (зелена сијаличка почнува да трепка, а по давање на гас над 2000 вртежи жолтата се гаси а зелената останува да свети или да трепка). На самиот шалтер постои и дополнителна опција за покажување на ниво на ЛПГ во резервоарот. Тоа се 5 сијалички во горниот дел на шалтерот, една црвена и 4 зелени. Со намалување на нивото на ЛПГ, сијаличките една по една се гаснат, а кога ќе остане само црвената, значи дека е речиси потрошен. Во пракса уредот секогаш ќе биде на автоматски режим, освен кога ќе сакате да возиле само на бензин или кога ќе снема ЛПГ.

Пожелно е по стартувањето на возилото, кога моторот е ладен, да се почека 30-тина секунди пред да се притисне педалата за гас над 2000 вртежи за да се префрли на ЛПГ погон. Со ова ќе се сочека моторот да достигне температура од околу 40C и ќе се избегне предвремено активирање на ЛПГ погонот, а со тоа и можноста за замрзнување на испарувачот и неправилна работа на моторот. Додека возилото работи на ЛПГ погон, бензинската пумпа, која кај возилата со инџексион тип на мотор се наоѓа во резервоарот за бензин, не е исклучена, односно секогаш кога моторот работи и таа е активна. Од таа причина потребно е секогаш резервоарот за бензин да содржи најмалку ¼ од неговата зафатнина, со што бензинската пумпа во секое време ќе биде потопена во бензин и ќе се одбегне можноста од нејзино работење „на суво“ и прегорување. Кај овој тип на автогасни уреди, од голема важност е редовното одржување и заменување на деловите од електриката на моторот (свеќички, кабли, бобина, систем за палење), што треба да се прави спрема препораките од производителот на возилото. Нивна неисправност предизвикува ненавремено фрлање на искра во цилиндрите, што за последица мпже да предизвика повратно согорување на гасот во всисната грана (т.н. пукање), а со тоа и можност за несакани последици по всисната грана, кутијата на филтерот за воздух, цревото за довод на воздух, сензорот за проток на воздух и др. Потрошувачката на ЛПГ ќе се движи во граница од 2 литри повеќе во однос на потрошувачката на бензин.[/su_spoiler]

[su_spoiler title=”Што е Ланди Рензо ОМЕГАС?“]Ако го посакувате најдобриот ЛПГ систем за вашето возило, изборот е лесен: „Ланди Рензо Омегас“ – Број 1 ЛПГ систем во светот, на најголемиот и најквалитетниот производител на автогасни системи Ланди Рензо. Омегас е Common Rail мултипоинт секвенционален систем за вбризгување на ЛПГ и ЦНГ гориво и го претставува самиот врв на моменталната технологија на системите за конверзија на гас. Омегас овозможува конверзија на моторите од бензин на гас и при тоа се придржува кон најновите стандарди за квалитетот на издувните гасови, Еуро 5 и Еуро 6. Благодарение на неговата сериска архитектура на директно вбризгување, Омегас ги задоволува и строгите Еуро 5 норми, што го прави идеален за конверзија од бензин на гас на најсовремените возила. Тоа што Омегас го издвојува од другите системи е и процесот на софтверско подесување и само-конфигурирање, кој е крајно брз и прилагодлив, дацајќи му на инсталатерот при вградувањето доволно слобода, и со тоа овозможува инсталирање на било кое возило. Омегас може да се инсталира на возила со минимум 1 и максимум 12 цилиндри, што го прави најуниверзален уред на пазарот. Најголемите светски производители на автомобили веќе го избраа Омегас за систем кој се вградува во нови возила кои на купувачите им се испорачуваат со вграден ЛПГ систем. Доколку од вашето возило очекувате врвни перформанси и економично возење, Омегас е вистинскиот избор за вас.
[/su_spoiler]

[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/2″][vc_column_text]

[su_spoiler title=”Што да одберете?“]Како да се одлучите за типот на автогасна опрема која ќе се вгради во вашето возило, а притоа да немате никакви проблеми со возилото и во исто време да не платите премногу за самата опрема? Првата и најважна работа на која морате да обратите внимание е производителот на автогасната опрема. Не е тајна дека најдобрите автогасни уреди се произведуваат во Италија и Холандија. Од друга страна, се почесто како производители се јавуваат и компании од Полска и Турција, а некои од нив постигнуваат многу солиден квалитет. Италијанските уреди доминираат во Европа. Водечки производители меѓу нив се: LANDI RENZO, LOVATO, BRC и други.[/su_spoiler]
[su_spoiler title=”Што треба да се земе во предвид кога се избира производителот на уредот?“]Најпрво ќе ви ги презентираме главните компоненти на современите Секвенционални инжексион системи.

1. Инјектори

2. Редуктор / Испарувач

3. ECU (Контролна Единица)

Инјектори

Инјекторите се покажаа како најзначаен дел од Секвент уредите. Главниот параметар во нивната работа е времето на отворање/затворање. Тоа треба да е што пократко и кај современите системи изнесува околу 3ms (милисекунди). Задачата на гасните инјектори е да постигнат работа на моторот на гас идентична како кога моторот работи на бензин и затоа е важно да се одбере тип на инјектори чија функција ќе соодветствува на функционирањето на бензинските инјектори. Гасните инјектори меѓусебе се разликуваат по конструкцијата на механизмот за дозирање и по нивниот капацитет, како и по времето на отворање/затворање. Постојат специјализирани производители на гасни инјектори од кои се снабдуваат голем број на производители на автогасна опрема. Попознати меѓу нив се: Кеихин (Keihin Group), Валтек (Valtek S.P.A.), Матрикс (Matrix S.P.A Automotive division). Постојат и производители на автогасна опрема кои не нарачуваат инјектори од други компании, туку самите ги произведуваат. Ова е многу подобра опција, бидејќи овие ијектори се конструирани во согласност со карактеристиките на редукторот, ECU и другите компоненти на системот. Типичен пример за ваков производител е Ланди Рензо со неговиот систем Омегас, чии инјектори го прават системот супериорен по перформансите во однос на автогасните системи на другите производители.

Редуктор

Повеќе големи компании каko Ланди Рензо, Ловато, БРЦ… , како и голем број на помали компании произведуваат редуктори за современите секвент системи. Секој производител поседува свој рецепт за производство на редукторите. Улогата на редукторот е да го контролира и намали притисокот на гасот кој доаѓа од резервоарот (9-16 бари) на работен притисок (0,9-2,5 бари). Добар редуктор е оној кој постигнува константен притисок при различни услови на работа. Својата задача најдобро ја исполнуваат дво-степените редуктори. Тие се поскапи од стандардните едно-степени, но нивната предност е голема. Дво-степени редуктори произведуваат компаниите Ланди Рензо и Тартарини. ECU-

Електронска Контролна Единица (Компјутер)

Главната улога на ECU –компјутерот е да ги контролира гасните инјектори. Тоа е екстремно комплициран процес бидејќи тој мора да процесира голем број на различни иформации и потоа прецизно да ги калкулира контролните сигнали. Всушност, целиот систем зависи од работата на ECU – преку него се внесуваат сите параметри при програмирањето на самиот автогасен систем. Еден од најпознатите производители кои работат по специјални нарачки од други компании е Италијанскиот АЕБ. Поголемиот број на компании како Ланди Рензо, Ловато, Тартарини,… самите ги произведуваат овие уреди. Секако, самата работа на ECU се базира на софтверот кој го поседува, односно од неговата прилагодливост и способност да одговори на сите можни предизвици со кои системот секојдневно се соочува.

Од нашето повеќегодишно искуство, можеме да го издвоиме софтверот на Ланди Рензо Омегас кој се покажа како многу стабилен и ефикасен. При правењето на избор на производител на автогасен уред, одберете го брендот чии уреди веќе се докажале како издржливи и компатибилни со специфичните услови на нашите сообраќајници и квалитетот на горивата.

Осигурете се дека го дистрибуира реномирана фирма која гарантира долготрајно снабдување со резервни делови и која вистински стои зад дадените гарантни рокови. Во спротивно, можете да се најдете во ситуација за најмал проблем да доживеете големи непријатности, како што се барање на резервни делови во странство или непостоење на сервисер кој би го отстранил проблемот.

Втората работа е конфигурирање на систем спрема вашите потреби и спрема типот на возилото, што би значело избор на тип на автогасен уред и избор на тип и големина на гасниот резервоар. Во овој случај неопходна ви е стручна помош од искусен професионалец кој ќе ви даде вистински совет. Не секогаш поевтин тип на уред или поголем резервоар е тоа што на вас ви е потребно.[/su_spoiler]

[su_spoiler title=”На што да внимавате!?“]Повеќето возила можат ефикасно да се конвертираат на ЛПГ погон но ќе морате да се осигурате дека опремата која ќе ја вградите во вашето возило е компатибилна со него. Особено системите кои се предвидени за вградување во новите возила кои исполнуваат EURO 3 и EURO 4 стандарди, бараат стриктно почитување на правилата за вградување и секое вградување на овие системи мора да биде извршено од Овластен ЛПГ сервис.[/su_spoiler]

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]